Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Првата фотографија од Скопје: Роналдо фотографиран во хотел

Првата фотографија од Скопје: Роналдо фотографиран во хотел

SHARE

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед денеска пристигнаа во Скопје, но огромното обезбедување им „забрани“ на фоторепортерите да ги овековечат мегаѕвездите на двата тима.

Но, и покрај големото обезбедување, на Инстаграм денес се појави фотографија на која Кристијано Роналдо како се шета во лобито на хотелот „Александар Палас“.

Најголемата ѕвезда на „кралевите“ е меѓу првите кои се подготвени да заминат кон арената „Филип Втори“ каде што Реал Мадрид прво ќе одржи прес-конференција, а потоа ќе го има запознавањето со тревата на стадионот каде што утре ќе се одигра УЕФА Суперкупот.

РЕКЛАМИ:
Loading...