Home ЗАБАВА Занимливости Пцостите и мрзеливоста не се толку лоши

Пцостите и мрзеливоста не се толку лоши

SHARE

Научниците во последно време уриваат многу предрасуди. Меѓу другите, и онаа дека манифестирањето на лутината го крева притисокот. Напротив, тие тврдат дека е многу понездраво потиснувањето на емоциите.

Кога бевме помлади ни зборуваа дека не смееме да се лутиме затоа што е тоа непристојно.

Потоа, станавме возрасни, па ни зборуваа дека не смееме да се лутиме затоа што тоа, наводно, го покачува крвниот притисок.

Лутењето не е единствената работа на листата од забранети. Тука се уште и забраните за пцуење, забраната да се биде мрзелив, забраната за слушање гласна музика, за играње видео-игри,…

Пописот е навистина долг,  но во последно време се повеќе се наметнува прашањето – дали е навистина сето тоа толку лошо за нас и за нашето здравје?

Лутење

Иако не предупредуваа на тоа дека лутењето го покачува крвниот притисок, неодамна е откриено дека, сепак, лутењето не е здраво да се спречува и дека треба да се изрази затоа што тоа носи бројни користи за организмот. Луѓето кои покажуваат лутина кога ќе се најдат во кризни ситуации се поздрави и имаат нормален крвен притисок.

Токму спротивно на вообичаените тврдења, некои истражувања зборуваат дека е лошо лутината да се задржува, затоа што насобраните и потиснати емоции предизвикуваат бројни болести. Тоа, меѓутоа, не значи дека смеете да искршите се околу себе кога ќе се налутите. Лутината треба да се проживее конструктивно. Бидете свесни за неа, прифатете ја, а можете дури и да ја покажете кога сте сами во своите четири ѕида. Во секој случај, немојте да ја игнорирате, па ќе бидете поздрави.

Пцуење

Да, пцуењето не е пристојно, но ја ублажува болката. Тоа го покажале некои истражувања. Откриено е дека оној што пцуе може подобро да поднесе некоја болна ситуација. Научниците веруваат дека пцуењето е поврзано со адреналинот и на некој начин му служи на организмот за одбрана, односно, за возвраќање на нападот. Откриено е дека токму пцуењето на некои луѓе им обезбедило здрав кардио-васкуларен систем. Веројатно во животот сте доживеале да ве фати страв кој подоцна прераснал во лутина, а кога сте почнале да пцуете, на некој начин, како повторно да сте ја вратиле ситуацијата во свои раце. Токму во тоа се крие добродетелта на пцуењето. Но, внимателно, тоа не значи дека треба постојано да пцуете. Едноставно, најдете ја мерката.

Мрзеливост

Луѓето кои рано стануваат и цел ден се зафатени, би можеле брзо да го напуштат овој свет, тврди здравствениот експерт Петер Акст. Тој верува дека клуч за долг живот е мрзеливоста. Имено, вели дека за разни болести е виновен стресот кој превработените луѓе го имаат во изобилство.  Луѓето кои во слободното време му даваат предност на спиењето пред, да речеме, играњето тенис, веројатно ќе живеат подолго. Луѓето кои во текот на слободното време не мораат ништо да работат, можат да го искористат тоа време за средба со самите себе. Оној кој се слуша себеси на тој начин се запознава, а тогаш знае што му одговара, а што не. Врз основа на тоа носи избори во животот кои се промислени, а со самото тоа и поквалитетни. Тоа значи дека живее во мир со самиот себе, а тоа неизбежно резултира со поквалитетен и поздрав живот. Едноставно, на човек му треба некогаш да не работи ништо, па затоа, одвреме навреме дозволете си таков третман. Вие не сте машина, туку човечко суштество, па така и однесувајте се и ќе бидете поздрави.

Гласна музика

Одењето на рок фестивал или едноставно слушањето гласна музика дома ги засилува нашите мозочни способности. Научниците велат дека гласната музика го стимулира внатрешното уво кое реагира на ритамот од музиката. Тоа резултира со задоволство на мозокот па добро се чувствуваме. Влијанието трае и извесно време по слушањето гласна музика. Внатрешното уво е поврзано со дел од мозокот кој е одговорен за задоволство и за добро расположение. Значи, од гласната музика нема да оглувите како што веројатно ве предупредувале кога сте биле помлади, но дефинитивно би можеле да си го подобрите расположението. Идниот пат кога ќе бидете нерасположени, почестете се со гласна музичка посластица и уживајте во доброто расположение.

Видео игри

Иако често ги обвинуваат како причина за здебелување, видео игрите всушност би можеле да помогнат во слабеењето. Своевремено е спроведено истражување меѓу момчињата кои играле видео игрички. Откриено е дека бројот на отчукувања на срцето за време на играњето видео игри им се зголемил, трошеле повеќе енергија и забрзано дишеле. Научниците затоа заклучиле дека играњето видео игри може да има позитивно влијание врз здравјето со оглед на тоа што организмот реагира како да извршува физичка активност. Сепак, тие предупредуваат дека играњето видео игри не може да го замени вежбањето. Со други зборови, ако сакате да играте видео игри не морате да стравувате за здравјето и можете да продолжите да ги играте, но немојте во тоа да ви се претвори целиот живот. Би било добро доколку во животниот распоред воведете и вежби, а во игрите, како и во се друго, уживајте во нормална мерка.

РЕКЛАМИ:
Loading...