Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Сталоне: Рамбо ќе умре на херојски начин!

Сталоне: Рамбо ќе умре на херојски начин!

SHARE

По петти пат славниот актер Силвестер Сталоне ќе се појави во улогата на Рамбо, која му донесе светска слава.

Акциониот глумец последен пат го играше најпознатиот виетнамски ветеран во 2008 година.

Но, Сталоне неодамна откри дека се пишува сценари за последното поглавје од приказната за Рамбо и му се подготвува збогување какво што доликува.

– Знам дека морам да раскажам уште една приказна за Рамбо. Тој мора да дојде до моментот во својот живот каде сфаќа каква е всушност неговата судбина. Рамбовата судбина не е работа на некоја фарма или будистички храм и никако не е нејасна. Тој мора да замине на херојски начин, а јас во моментов работам на такво сценарио – изјави 65-годишниот Сталоне.

РЕКЛАМИ: ---