Home INFO Разграбена облеката на починатата дива!

Разграбена облеката на починатата дива!

SHARE

Обожавателите и колекционерите на аукција ги разграбиле предметите кои и припаѓале на починатата дива Витни Хјустон.

Некои од предметите постигнале и пет тати повисока цена од почетната, како што се два пара обетки кои американската дива фи носела во филмскиот хит Телохранител од 1992 година.

Спомените на починатата дива се продадени на почетокот на дводневната аукција „Холивудската легенда“ во аукциската куќа „Julien’s Auction“  на Беверли Хилс, место кое се наоѓа на мала одалеченост од местото каде Хјустон почина на 11 февруари на 48-годишна возраст.

Корсетот кој таа го носела на настапите е продаден за 19.200 долари, три пати повеќе од почетната цена, додека за сатенскиот прслук од Телохранител новиот сопственик платил 3.520 долари.

РЕКЛАМИ:
Loading...