Home СПОРТ Ракомет Разулавен фан на Вардар фрли стол по Ренато Вугринец (видео)

Разулавен фан на Вардар фрли стол по Ренато Вугринец (видео)

SHARE

Актуелниот шампион на Македонија, РК Вардар, во шестото коло во ракометната Лига на Шампиони доживеа пораз од својот најголем ривал, РК Металург.

Натпреварот беше полн со тензии, имаше неколку инциденти на неутралните трибини, но она што навистина не смееше да се случи дојде во 51 минута од натпреварот, кога еден разулавен фан на РК Вардар, фрли со столче по најдобриот играч на „металурзите“ во тој дел од натпреварот, Ренато Вугринец.

Овој потег е за секоја осуда, но јавноста не смее да им суди на навивачката група „Комити“ затоа што тие на дуелот против Металург приредија навивање од светски размери, туку на личноста, која индивидуално, по своја волја го направи потегот кој ретко, го гледаме на нашите ракометни терени.

(Инцидентот можете да го погледнете во видеоматеријалот на 0:35)

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...