Home ЗАБАВА Tv + Reality Реалити проклетство: Во САД се самоубиле 14 учесници!

Реалити проклетство: Во САД се самоубиле 14 учесници!

SHARE

Учеството во реално шоу може да биде лошо за вашето здравје, дури и смртоносно.

Последното истражување на емисиите од овој тип кои се емитувале во САД, почнувајќи од 2005 година, покажува дека дури 14 учесници во истите извршиле самоубиство.

Психолозите посочуваат дека луѓето кои учествуваат во реално шоу, веќе имаат нарушено психичко здравје и се склони кон депресија. Начинот на живот кој го налага реалното шоу уште повеќе ја нарушува психичката состојба на учесниците.

„Дури и една добронамерна серија како што е „Супер дадилка“ однесе жртва. Самохраниот татко Џејмс Терил се застрела по само шест месеци од учеството во емисијата“, изјавува новинарот Сет Кауфман кој правел истражувања на оваа тема и ги објавил во својата книга „Крал на болката“.

Според статистиката, од 34.080 учесници во реално шоу во Америка, дури 14 од нив извршиле самоубиство.

Со оглед на тоа дека просекот во САД е 12.4 на 100 000 жители, степенот на самоубиства кај учесниците во реално шоу е три пати поголем.

Според новинарот Кауфман, последиците од горенаведениот начин на експонирање не се добри за менталното здравје и самодовербата.

Секако има и многумина на кои токму учеството во одредено реално шоу им помогнало во унапредување на кариерата, но сепак, победата во релано шоу е исклучок, а не правило.

Просечниот гледач ќе се согласи со фактот дека , многу поголеми се шансите да ве „исфрлат“ од реалното шоу отколку да победите во истото.

„За жал, бројните ТВ емисии покажуваат дека публиката сака да гледа болка и понижување на ТВ, а продуцентите се трудат тоа да им го овозможат. Но начинот на кој учесниците во реално шоу го поднесуваат ова, не може да се монтира во постпродукција“, додава Кауфман.

РЕКЛАМИ: