Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Фото: Реконструкција на последната вечера на Витни Хјустон

Фото: Реконструкција на последната вечера на Витни Хјустон

SHARE

Трагичната смрт на Витни Хјустон и понатаму го привлекува вниманието на јавноста.

Откако фотографијата со нејзиното мртво тело заврши во списанието „National Enquirer“, уште една фотографија привлекува големо внимание.

Имено, германскиот уметник Томас Деманд ја реконструирал последната вечера на починатата пејачка за потребите на изложбата која ќе се одржи во Њујорк.

Томас откри дека се пријавил во хотел во кој беше сместена пејачката и го нарачал истото јадење кое таа го конзумирала кобната вечер. На менито се нашле хамбургер, помфрит, пиво и шампањ.

Уметникот додал дека не сака да ја искористи починатата пејачка, па нема да каќе ништо за неа, туку само ја реконструирал и ја сликал нејзината последна вечера.

РЕКЛАМИ:
Loading...