Home ШОУ БИЗз Филм Рекордна гледаност на „Игра на тронови“

Рекордна гледаност на „Игра на тронови“

SHARE

Последната епизода од седмата сезона на хит серијалот „Игра на тронови“ постави рекорд во однос на гледаност, објавија светските новински агенции.

Според „Nielsen Media Research“, епизодата со наслов „Змејот и волкот“ привлече 12,1 милиони гледачи на малиот екран – 36% повеќе од 8,9 милиони кои го следеа финалето на 6-тата сезона. Речиси 4 милиони луѓе ја гледаа епизодата на стриминг платформи.

Првата епизода од 7-та и претпоследна сезона беше проследена од 10,1 милиони гледачи во јули. Осмата и последна сезона на „Игра на тронови“ ќе се емитува следната година.

РЕКЛАМИ: ---