Home ИНТЕРВЈУ Рената: Не им се лутам на македонските медиуми, што сега ме забележаа

Рената: Не им се лутам на македонските медиуми, што сега ме забележаа

SHARE

Рената Кралевска е првата македонка која направи интернационален бум.

Младата пејачка ги освои срцата на големите продуценти и на пошироката јавност со нејзиниот летен хит Time time.

Освен што ги освои сите со својот прекрасен глас таа е и прва Македонка која се појави на изданието на светската компанија за промоција на најголемите планетарни синглови Radio Express.

Како Рената го доживеа целиот успех, како се создаде Time time и што понатаму, прочитајте во продолжение во ексклузивното интервју за Хит Портал.

Како настана приказната за хит синглот Time Time?

Многу спонтано. Влеговме во студио ја снимивме Time time и мислевме дека ќе биде убав летен хит кога ќе излезе, а ете се случи ова што сега го доживуваме. Time time излезе и надвор од Македонија.

Очекувавте ли волку голем успех?

Искрено овој момент и успех не го очекувавме за толку брзо време. За само еден ипол месец по издавањето, првен песната помина супер на нашите радио станици, а потоа се случи и изданието за Radio Espress. Се се случи многу брзо.

Да подобјасниме за нашите читатели. Што значи Radio Express?

Radio Express e најпознатата издавачка куќа која дистрибуира 17 најактуелни синглови кои треба да произлезат во потенцијални World Chart хитови. Ете дојде до издавање и на Time Time на двете цедиња на Radio Express, односно на поп и денс цедето.

Какво е чуството да си на исто цеде со Ne-Yo, Alexandra Stan, Joss Stone, The Script и останатите веќе докажани музички ѕвезди?

Искрено со самото ова што го изговарам сега има сеуште емоции во мене. Среќата и  задоволството се големи бидејќи конечно целиот труд се исплати и работите полека излегуваат на површина.

А, за цедето … е тоа е неверојтно, немам зборови со кој можам да го опишам тоа чувство. Иако веќе емоциите стивнуваат, јас кога ја добив копијата од цд-то, признавам се тресев.

Но, пред се ми е посебно задоволство што не се претставувам само јас лично и мојата продуција, туку ова е успех  и за Македонија и македонскиот народ. Една убава промоција за луѓето во светски рамки да се запознаат со македонската музика и македонскиот денс кој ние може да го понудиме.

Но, освен Time Time и твојот прв сингл на англиси I can take you there, помина супер. Што се случи со таа песна ?

I can take you there ја снимивме пред точно една година. Тој сингл беше како еден вид на проба, тест дали она кое ние го правиме може да достигне успех надвор од нашите граници. Всушност мислам дека таа песна ни го отвори патот, бидејќи котираше на неколку европкси листи и се вртеше на радио станиците во Франција, Парис и Велика Британија. Токму кај британците наидовме на голем интерес за песната, па дури и снимивме џинглови за неколку радио станици.

Дали можеби си им малку лута на македонските мeдиуми, кој почнаа да ја забележуваат Рената само по светскиот успех кој го доживеа?

Добро не би сакала да се налутам на никого, но ете понекогаш така одат работите кај нас. Најважно е што сега почна да се посветува внимание на песната и мило ми е што тоа сите го забележуваат. Плус нормално, уште е подобро кога ќе забележите стартен интернацонален успех. Така да нема простор за лутење. Мислам дека треба да одиме напред со позитивни мисли и да се насочиме на тоа што го работиме.

Какво е чуството наеднаш да се соочиш со интернационална популарност?

Па сега во последно време почнаа повеќе позитивни коментари од луѓе кој не ги познавам и да ти кажам убаво е бидејќи сите тие луѓе пред се придаваат значење на мене туку на песната и музиката која ја правам. Тоа е најголемиот успех.

Да, треба да сте изведувач и да се промовирате убаво, но никогаш не треба да се ставате пред музиката која ја правите и луѓето кој ве подржуваат. Така да ми е огромно задоволство и мислам дека токму поради подршката која ја добивам, сакам и понатаму да создавам музика.

Што е следно од Рената?

Следно очекуваме за некој месец до месец ипол некаде при крајот на септември, да видиме на кој топ листи ќе влеземе и како ќе котира Time Time. Најбитно е како ќе бидеме прифатени иако е доволо што сега засега излеговме заедно со најактуелните 17 хитови во моментов. Подготвуваме и нови песни, токму и поради тоа Time time, не доби видео запис, но во центрот на вниманието моментално ни е токму овој сингл и светските топ листи.