Home ЗАБАВА Занимливости Реплика на Хогвартс направена од 400.000 лего коцки (фото)

Реплика на Хогвартс направена од 400.000 лего коцки (фото)

SHARE

Елис Финч ги обожава лего коцките , но е и голем фан на авантурите на Хари Потер. Кога ги споила овие две нејзини страсти таа направила верна копија на замокот Хогвартс, од книгата и филмовите за малиот волшебник.

На Елис за изградбата на замокот и биле потребни 5 години и 400.000 лего коцки.

Се започнало кога Елис, мајка на две деца, сфатила дека сеуште ги обожава лего коцките и тоа не само поради тоа што тие и овозможувале квалитетно и креативно дружење со нејзините деца.

Не била баш многу задоволна со тоа како е официјално преставен Хари Потер со лего коцките, бидејќи имало многу непрецизности, па решила да направи своја верзија на големата сала од замокот Хогвартс, за набрзо потоа да сфати дека може да направи многу повеќе.

Тоа и овозможило да освои две награди на натпревар за љубители на лего коцки „BrickCon 2012“, каде ја освоила наградата од публиката и специјалната награда „Best in Show“.

„Почнав со изградбата на замокот пред пет години кога поминував многу време со постариот син во нашата Лего соба. Тој беше задолжен за градење, а јас ги сортирав и тргав коцките. По некое време сфатив дека и јас сакам да градам. Немав составувано коцки од детството, но кога почнав повторно да ги составувам со син ми сфатив дека тоа имало големо влијание на мене“, рекла Финч.

Таа вели дека играњето со лего коцките е вистински искористено креативно време со децата.

„Поминавме многу време заедно правејќи нешто креативно, учевме техники и дававме идеи на многу продуктивен начин. Секако, тогаш не размислував на овој начин. Само му покажував на мојот син дека и мама може да биде многу добра во составување коцки“, заклучила Елис.

РЕКЛАМИ:
Loading...