Home LIFE STYLE Мода и Убавина Совети: Решете го проблемот со мрсната коса

Совети: Решете го проблемот со мрсната коса

SHARE

Имате проблем со масната коса и ви здосади скоро секој ден да ја миете, сушите и фенирате? Верувајте дека не сте единствена личност која има ваков проблем.

Поголемиот број жени се мачат со овој проблем, на кој може да влијаат различни фактори.

Најчесто тоа е поради недоволна нега на косата, користење екстремни препарати, често чешлање и фаќање со рака.

Но, ние ви претставуваме неколку совети како да се изборите со масната коса.
– Принудени сте секој ден да ја миете косата. За жал, тоа нема да ви помогне бидејќи шампоните кои ги користите повеќе го иритираат скалпот и доаѓа до поголемо лачење на лојните жлезди. Мијте ја косата поретко и користете благи шампони кои не содржат многу хемикалии.

– Можете да си направите трајна или минивал бидејќи на витканата коса помалку се забележува кога е масна.

– Користете што помалку регенератор, ставајќи го само на врвовите и измијте го со млака вода, бидејќи топлата го зголемува процентот на мастење.

– Беби пудрата исто така може да ви помогне. Нанесете мала количина пудра на косата и така намалетеја видливата масност.

– Јадете што помалку масна храна и внесувајте повеќе вода и овошје.

– Не ја сушете косата на висока температура.

– Избегнувајте масло и капки за коса.

– Направете природен лосион, така што во чаша вода ќе ставите малку сол и две лажици засладен оцет. Подготвената мешавина со масирање нанесете ја на темето, почекајте да отстои еден час , а потоа измијте ја со пола вода.

– Користете сапун направен на природна база. Земете го, скршете го на парченца со малку вода и оставете го да отстои една ноќ. Потоа згмечете го и исцедете го водениот дел од сапунот измешајте го со беби пудра, нанесете го и потоа измијте ја косата.

РЕКЛАМИ:
Loading...