Home КУЛТУРА Настани Рецитал на Бачевска и Ангелова-Христов

Рецитал на Бачевска и Ангелова-Христов

SHARE

Во Салонот 19:19 во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва ќе се одржи рецитал на Катерина Бачевска, флејта и Весна Ангелова-Христов, пијано на кој ќе бидат изведени дела од Муќе, Бричалди, Елерт и Моралки.

Катерина Бачевска студиите ги завршува во класата на проф. Страшо Темков на ФМУ во Скопје и продолжува да се усовршува под менторство кај проф. Рафаеле Тревизани во Милано. Магистрира на флејта и како солист и уметник настапува низ светот заедно со реномирани флејтисти.

Избрана е за лауреат на повеќе интернационални натпревари, а ја држеше и позицијата на прва флејта на Светскиот младински оркестар, со што се здоби со награда за најталентиран и најуспешен студент.

Како солист има настапувано повеќе пати во Македонската филхармонија, Музичка младина на Македонија и голем број рецитали во Македонија, Италија, Швајцарија, Бугарија…

Весна Ангелова-Христов основно и средно музичко образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во класата на проф. Среброва. Дипломира на ФМУ во класата на проф.Борис Романов, а во 2007 година магистрира на ФМУ.

Добитник е на први награди на државни натпревари по пијано. Настапува во Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Франција, Чешка…

Работи во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ како професор по пијано.

МИА

РЕКЛАМИ: