Home ШОУ БИЗз Ѕвезди „Режисерот ме злоставуваше, морав да се допирам по меѓуножјето“

„Режисерот ме злоставуваше, морав да се допирам по меѓуножјето“

SHARE

Актерката Thandie Newton во текот на едно интервју открила дека била сексуално злоставувана кога била тинејџерка.

Имено, Thandie раскажала дека со 18 години била на едно пробно снимање кога доживеала непријатност.

„Беше тоа пробно снимање. Во собата имаше уште двајца, режисерот и уште една жена. Тој побара да седнам и да ги раширам нозете, камерата го снимаше моето меѓуножје под здолништето. После тоа ми рече да го зборувам дијалогот и да му покажам како би изгледало истовремено да водам љубов со соговорникот. Си помислив: Ова е толку необично, зошто морам да го правам? Но, тоа е режисер, тука е и кастинг директорката, ова веројатно е нормално“, раскажала таа на новинарот на CNN.

Додала и дека три години подоцна дознала дека режисерот кој ја злоставувал, тоа видео им го покажувал на други луѓе од шоубизнисот на своите домашни забави. Таа сепак не сакала да открие за кого се работи, ниту дали таа личност сеуште е актуелна во светот на филмот.

„Се откри дека режисерот снимката ја пушта доцна навечер во својот дом за да го забавува друштвото. Им го пушташе видеото како се допирам под здолништето“, изјавила актерката.

Thandie Newton денеска има 40 години и е позната британска актерка. Се образувала на Кембриџ, апосле тоа доби некои значајни улоги во филмови.

Освен по интелектот и дарбата за глума, Thandie е популарна поради својата убавина.

Најпозната е по улогата во филмот „Невозможна мисија 2“ во кој глумеше со Том Круз.

РЕКЛАМИ:
Loading...