Home СПОРТ Ракомет РК Металург во осминафиналето го доби посакуваниот противник

РК Металург во осминафиналето го доби посакуваниот противник

SHARE

Македонскиот ракометен првак РК Металург во осминафиналето од ЛШ ќе се сретне со белорускиот претставник, Динамо Минск.

На денешната ждребка која што се одржа во Виена, екипата на РК Металург со малку среќа го доби токму посакуваниот Белоруски претставник со кој што се има сретнато еднаш во минатото.

Добивајќи ја екипата на Динамо Минск, избраниците на Червар успеаја да избегнат две доста незгодни екипи: Шпанскиот ракометен гигант и тимот на Кире Лазаров, Атлетико Мадрид, како и Руската незгодна и добро воиграна екипа, Чеховски Медведи.

ако што напоменавме предходно, екипата од Автокоманда веќе еднаш се има сретнато со Динамо оваа сезона во рамките од турнирот во Струга, каде што „металурзите“ стигнаа до триумф од 26-23.

Првата средба ќе се игра на 16/17 март во Минск, додека реванш натпреварот е на 23/24 март, во Скопје.

Останати парови парови:

Барселона – Силкеборг

Веспрем – Адемар Леон

Киелце – Пик Сегед

Хамбург – Цеље П.Л.

Кил – Чеховски Медведи

Металург – Динамо Минск

Фленсбург – Горење

Фуксе Берлин – Атлетико Мадрид

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ: ---