Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Роберт Патисон повторно е најсексипилен

Роберт Патисон повторно е најсексипилен

SHARE

Актерот 4-та година по ред е најсексипилниот маж на планетата во изборот на читателите на магазинот „Glamour“. На второ место е Том Хиделстон, а трети Џони Деп.

Меѓу првите пет се и Мајкл Фасбендер и Бенедикт Камбербач, познат по улогата на Шерлок Холмс во истоимената серија.

Во анкетата учестувале 40.000 луѓе кои меѓу првите 10 најсексипилни мажи на планатата ги сместиле и Роберт Дауни Џуниор, ѕвездата на серијата „Vampire Diaries“, Пол Весли, потоа Џејмс Мекавој и Хенри Кавела.

Патисон засега е единствен кој оваа ласкава титула ја освојува 4 пати по ред.

РЕКЛАМИ:
Loading...