Home СПОРТ Роналдо без гол против Наполи, но со нов личен рекорд!

Роналдо без гол против Наполи, но со нов личен рекорд!

SHARE

Реал Мадрид победи против Наполи во првиот натпревар од осмина финалето во ЛШ со 3:1.

Реал успеа да победи по пресврт, откако прво Инсиње му донесе предност на Наполи, а потоа Бензема израмни со својот 51-ви гол во ЛШ.

Во вториот дел Крос погоди за 2:1, а Касемиро ги постави конечните 3:1 со фантастичен волеј.

Кристијано Роналдо имаше неколку шанси, но не успеа да постигне гол против Реина, но затоа беше расположен за додавања.

Направи 6 шанси за своите соиграчи, а тоа е негов личен рекорд во ЛШ додека од тие шанси беше искористена само една.