Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Роналдо демантира: „Немав секс со Мис Бум Бум“

Роналдо демантира: „Немав секс со Мис Бум Бум“

SHARE

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо категорично ги демантираше информациите дека ја изневерил својата девојка Ирина Шајк со бразилската манекенка Андрес Урах, попозната како “Мис Бум Бум”.

Во неделата за Сан, Урах изјави дека имала секс со Роналдо во хотелот Виља Магна на само 48 часа пред полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на Сигнал Идуна Парк.

Роналдо тврди дека тоа не е точно.

“Очигледно е дека некој бара светско внимание на моја сметка. Се прашувам зошто тоа се случува на два дена пред многу важниот натпревар на мојот тим. Длабоко сум навреден од оваа ситуација која би требала да го поремети мојот приватен живот. Точно е дека бев во хотелот Виља Магна на 22 април и давав интервју што може да го потврди и новинарот. Се останато е чиста фикција и клевета”, напиша Роналдо на својот профил на Твитер.

Во интервјуто за Сан, Урах беше полна со убави зборови за Роналдо.

Рече дека била воодушевена кога и се јавил и ја повикал во својата соба и го опиша како “човек со прекрасно тело, како бог”.

РЕКЛАМИ:
Loading...