Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Роналдо си порача восочна фигура за дома и плаќа фризер да и...

Роналдо си порача восочна фигура за дома и плаќа фризер да и ја чешла периката!

SHARE

Кристијано Роналдо опсесивно се грижи за својот изглед, но овојпат претера.

Фудбалерот има две восочни фигури, една во неговиот роден Фуншал, другата во Мадрид, а третата ќе ја краси неговата вила во Шпанија.

Кристијано го изнајмил британскиот скулптор Мајкл Вејд да изработи негова восочна фигура во природна големина.

Вејд е уметник кој ја направил восочната фигура на капитенот на Португалија за еден музеј во Шпанија и открил дека изработката на новата скулптура чинела 27.000 евра, бидејќи „веќе имал калап“.

кристијано роналдо восочна фигура

Имајќи предвид дека е перфекционист кога изгледот е во прашање, Роналдо го испратил својот фризер да и направи фризура на статуата.

„Фризурата мораше да остане онаква каква што била на примерокот во Мадрид. Стававме влакно по влакно и тогаш дојде фризерот на Роналдо и ја истрижа за да биде идентична“, објаснил Мајкл Вејд.

Покрај тоа, Роналдо испратил и нов дрес и најнови копачки, за восочната фигура да биде што поверодостојна.

кристијано роналдо восочна фигура

Фудбалерот подеднакво се грижи и за скулптурата која е во Мадрид.

Роналдо секој месец го праќа својот фризер кој ја чешла периката на „восочниот“ Роналдо.

Тоа не е се, туку од салонот доаѓа и експерт за шминка кој ги поправа евентуалните неправилности на фигурата на Кристијано.

кристијано роналдо восочна фигура