Home ЗАБАВА Занимливости „Ruby Rose“ – коктел вреден 40.000 долари

„Ruby Rose“ – коктел вреден 40.000 долари

SHARE

Од јуни до крајот на оваа година во хотелот „White Barn Inn“ во американскиот град Кенебанк ќе можете да го пробате коктелот „Ruby Rose“, но само ако имате 40.000 долари да одвоите за него.

Овој коктел е комбинација од вотка „Hangar One“, ликерот „St. Germain Elderflower“, свежо исцеден сок од грејпфрут и калинка и една лажица сок од рози. Со коктелот добивате и рубин од четири карати.

Без овој рубин, коктелот вреди само 18 долари.

Идејата за додавање на рубин во коктел потекнала од гостин кој се почегувал со вработените во ресторанот. Излезе дека тоа на коктелот му дава посебна боја.

Вработените во ресторанот се свесни дека продажбата на коктелот нема да оди така лесно. Тие вела дека ќе биде вистински подвиг ако продадат повеќе од еден коктел.

РЕКЛАМИ:
Loading...