Home INFO Само таа може да патува насекаде низ светот без да и е...

Само таа може да патува насекаде низ светот без да и е потребен пасош

реклама:G Natural

Британската кралица Елизабета Втора е владетел на Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште 12 кралски земји од Комонвелтот, што е титула која носи многу привилегии.

Една од привилегиите е тоа што кралицата може да патува во странство без патнички документи.

Се работи за привилегија што исклучиво ја има кралицата Елизабета Втора, која не важи за другите членови на британското кралското семејство.

Освен во земјите со кои владее, кралицата може да патува без пасош низ целиот свет, а ќе биде запаметена во историјата како британски монарх кој посетил најмногу земји во светот – 116.

Исто така, треба да се напомене дека сите британски пасоши се издаваат од име на кралицата.

Кога станува збор за привилегии, кралицата исто така има имунитет за кривични гонења, има право да ѝ објави војна на која било земја, има право да вози без возачка дозвола… како и многу други права и предност.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“