Самрак руши рекорди: Најмногу продавани пиратски копии

    SHARE

    Првиот дел од американската вампирска сага „Twilight“ е најпродаван филм во пиратски DVD формат во Велика Британија по божиќните празници.

    Организацијата за борба против пиратеријата FACT одзема стотици илјади нелегални копии на „Twilight: Breaking Dawn Part2“, филм во кој главните улоги ги имаат Роберт Патисон и Кристин Стјуарт.

    Нелегалната продажба на филмот пред се пиратските DVD изданија, ја потврдуваат неговата популарност.

    За прв пат по четири години, Твајлајт успеа да го порази Хари Потер и е најпродаван филм во пиратски DVD формат по Божиќ.

    Меѓу другите филмови со најмногу незаконска продажба оваа година се „Тhe Avengers“, „The Hunger Games“ и „Brave Heart“.

    „Оваа година се случи пресвртница. Луѓето кои сметаа дека можат да управуваат пиратски сајт, сфатија дека можат да завршат во затвор. Во Велика Британија се уште постои проблем со пиратските DVD изданија кои ги продаваат кинески криминалци, но оваа форма на кривично дело значително се намалува. Запленети се над 500.000 пиратски DVD-ја во последниот дел од годината во однос на 800.000 во 2011 година и над 1 милион во 2010 година “, изјави портпаролот на FACT, Еди Левитен.

    РЕКЛАМИ:
    Loading...