Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Сара Џесика Паркер прв пат во јавност по караницата со Ким Катрал

Сара Џесика Паркер прв пат во јавност по караницата со Ким Катрал

SHARE

Репутацијата на Сара Џесика Паркер беше доведена во прашање, откако започна интернет „војната“ со нејзината колешка Ким Катрал.

Последните неколку денови Ким Катрал преживува тешки моменти поради семејна трагедија, односно смртта на нејзиниот брат Крис.

На Инстаграм, актерката јавно ѝ се спротивстави на Сара Џесика Паркер, која претходните денови ѝ укажа поддршка поради тешките моменти низ кои минува.

„Не ми е потребна твојата љубов и поддршка за овој трагичен настан“, напиша Ким.

По нивните несогласувања, Сара за прв пат беше забележана во јавност.

Папараците ја фотографираа во Њујорк каде се појави во опуштено издание.