Home INFO „Се чував но залудно“, уште еден македонски пејач со корона вирус

„Се чував но залудно“, уште еден македонски пејач со корона вирус

реклама:G Natural

Не ја одмина вирусот и нашата естрада па постојано сме сведоци на нови случаи од нашата јавна сцена кои се позитивни на ковид-19 вирусот.

Вчера за тоа своите фанови ги информираше и пејачот Боби Павловски кој во неговиот статус на социјалните мрежи напиша дека и покрај тоа што ги почитувал препораките сепак има корона.

Еве што тој сподели со фановите:

-Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за ковид е позитивен, покрај сите витамини, мерки и пазења, маски, дезинфекции, сепак стигна и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. Се надевам дека се ке помине најдобро. Пазете се и чувајте се , напишал Павловски на својот профил.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“