Најпопуларниот детски фестивал во Македонија, „Златно Славејче“се подготвува за своето 42-ро издание.
Локацијата и годинава ќе биде Универзалната Сала.
Оваа година златните славејчиња ќе ги претстават најновите детски хитови во периодот од 9 – 14 ноември.
За таа цел, подготвени се нови, досега необјавени 16 композиции во придружба со кореографија како што впрочем и доликува на овој фестивал за детски песни.
Златно Славејче важи за најстар детски фестивал не само во Македонија, туку во целиот регион.
Претставите се закажани од 11:00 и 13:00 часот, секој ден во периодот од 9-14 ноември.
РЕКЛАМИ:
Loading...