Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Седум интересни факти за бременоста на Кејт

Седум интересни факти за бременоста на Кејт

Штом веста за бремноста на Мидлтон се рашири, медумите во Велика Британија почнаа со шпекулациите околу полот на детето, името и условите во кои ќе расте.

Еве ги седумте најинтересни факти според нас кои се поврзани со приновата во Кралското семејство.

Некои од нив веројатни, а некои апсурдни, некои поткрепени со факти, а некои само новинарски предпоставки.

Постои голема веројатност да се родат близнаци

Одкако Кејт била примена во болницата, докторите според синдромите кои ги имала, констатирале „hyperemesis gravidaru“- дијагноза која најчесто се јавува кај жени кои очекуваат близнаци.

„Дијана“ и „Чарлс“ меѓу потенцијалните имиња

Обложувањата во кладилниците веќе започнаа. Најпопуларни се Дијана и Чарлс, но не заостануваат и Френсис и Џон. На листата популарни имиња се наоѓаат и Дејвид, Џесика, Ричард и Спенсер. Обложувалниците очекуваат милионска заработка.

И да не машко ќе го застане на престолот

Приновата во семејството кое ќе се роди следната година ќе има статус на престолонаследник без разлика на полот.

Традицијата која трае повеќе од 300 години ќе биде прекршена поради промените во правилата за наследство.

Предходните правила налагаа Круната да ја наследи машко дете, без разлика дали е помал или поголем од сестрата.

Според новото правило за кое се избори премиерот Дејвид Камерон, а кое важи од минатата година, ова бебе ќе биде трето во редот до престолот веднаш зад Чарлс и Вилијам, а пред Хари.

Бебето „инекција“ за британската економија

Бебето го вмешаа дури и во економијата. Сметаат дека со неговото раѓање, вниманието на целиот свет ќе биде насочено кон Лондон.

Веројатно ова го тврдат од искуство, бидејќи венчавката на Кејт и Вилијам навистина стана туристичка атракција и многумина од целиот свет отидоа во Лондон за да ја следат на „лице место“.

Благодарение на Кралското семејство, Велика Британија годишно заработува 4 – 5 милиони фунти . Очекуваат раѓањето на новиот член да им донесе барем приближна заработка како онаа на денот на венчавката.

Тимот за грижа на Кејт веќе почна да се оформува

Како што пренесуваат медиумите, во моментов не постои тим кој ќе се грижи за идната мајка, но наскоро целосно ќе биде формиран.

А за нејзината состојбата најверојатно ќе се грижи семејниот гинеколог Алан Фартинг.

Сакаат детето да го израснат во „нормални“ услови

Кралското семејство важи за едно од највлијателните во светот.

Поради ова младиот пар уште одамна има утврдено дека сака самостојно да го одгледува детето, без привилегии и десетина дадилки.

Нивната желба е ова дете да живее што е можно  понормален живот.

Во секој случај неговото воспитување мора да биде во согласност со одредени правила: изборот на училиштето во кое ќе се школува нема да биде самостоен, ќе биде под постојано обезбедување во непосредна близина, а и ќе мора да се придржуваат и на правилата околу протоколот за одбележување на празниците.

Британски „Дејл Мејл“ не ја исклучува можноста од најмување на дадилка потпирајќи се на фактот дека и самиот Принц Вилијам израснал со помош на неколку дадилки со кои сеуште е многу близок.

Фризурата ја издаде дека е бремена уште пред една недела

Иако веста за нејзината бременост беше објавена дури вчера, многумина се сомневаат дека семејството знаело за ова уште од пред една недела.

Повод за ваков заклучок е нејзината нова фризура која Кејт ја промовираше минатата недела.

„Променетиот изглед на косата на Кејт од пред една недела  е првиот знак за нејзината бременост“ – искоментирала Лорејн Кенди уредник на магазинот „ELLE“

По што додаде дека жените имаат обичај да ја менуваат фризурата кога имаат пресврт во животот.

Што од наведеново е точно и какви се нивните вистински планови  знае само Кралското семејство.

Што допрва ќе се случи  и што ќе биде со сеуште нероденото дете, не знае ниту семејството, ниту светот. Останува да видиме.