Home СПОРТ Ракомет СЕХА лига: Металург гостува кај Извиѓач

СЕХА лига: Металург гостува кај Извиѓач

SHARE

Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва со почеток во 20 часот му гостува на тимот на Извиѓач во рамките на СЕХА лигата.

Металург по гостувањето кај Ловќен во средата има уште еден гостински натпревар, но овојпат кај екипа која е во долниот дел на табелата.

Со победа екипата на Лино Червар ќе избие на првото место на табелата.

Поради повреди за Металург нема да настапат: Дејан Манасков, Намуче Мојсовски, Филип Миркуловски и Ацо Јоновски.

Натпреварите од 15.коло се играат утре и во среда, а двојките се: Борац Бања Лука – Вардар Про, Нексе – Загреб КО и Ловќен – Слога (сабота), додека во среда се играат натпреварите Металург – Мешков Брест и Татран Прешов – Извиѓач.

Табела: Мешков Брест 31 бод, Металург 30, Загреб КО 29, Вардар Про 27, Татран Прешов 23, Ловќен 23, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац БЛ 7, Слога 3.

РЕКЛАМИ:
Loading...