Home СПОРТ Ракомет СЕХА лига: Металург лидер, Вардар Про гостува во Бања Лука

СЕХА лига: Металург лидер, Вардар Про гостува во Бања Лука

SHARE

Македонскиот шампион Металург со синоќешната победа од 27:19 против Извиѓач и со новите три бодови изби на првата позиција на табелата на СЕХА лигата.

За Металург ова беше 11. победа, а до крајот на шампионатот ќе играат уште со Мешков Брест и Вардар Про на домашен терен и со Загреб КО на гости.

Најефикасен на натпреварот беше Тихомир Додер со 7 голови, додека Вугринец постигна 6.

Натпревари од СЕХА лигата ќе се играат и денеска, а вториот македонски претставник во ова натпреварување, ракометарите на Вардар Про гостуваат кај тимот на Борац во Бања Лука. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

Во истиот термин се играат и натпреварите Нексе – Загреб КО и Ловќен – Слога.

Дуелите Металург – Мешков Брест и Татран Прешов – Извиѓач на програмата се на 6 март в среда.

Табела: Металург 33 бодови, Мешков Брест 31, Загреб КО 29, Вардар Про 27, Татран Прешов 23, Ловќен 23, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац БЛ 7, Слога 3.

РЕКЛАМИ:
Loading...