Home КУЛТУРА Театар „Секс, лаги и диви гуски“ по текст на Вуди Ален во МКЦ

„Секс, лаги и диви гуски“ по текст на Вуди Ален во МКЦ

SHARE

Претставата “Секс, лаги и диви гуски” во режија на Нина Николиќ, базирана на текстот на Вуди Ален вечерва во 21 часот ќе биде поставена на сцената на младинскиот културен центар во Скопје.

Претставата се занимава со проблемот на вистинитоста, потоењето на реалност, нејзината релативност и лажно постоење транспониран низ вистинското постоење или илузијата за постоење на ликовите во драмата.

Како и самиот текст, и претставата се базира на значењето на вистината во односите помеѓу луѓето и на тоа дека таа и слепата искреност не се ниту од далеку изворот на среќна заедница (без разлика дали станува збор за заеднаца помеѓу маж и жена, две сестри, браќа и сестри и тн.).

Со други зборови основната задача не претставата е искажување на вистината дека изговореното (неверство, навреда, откриена лага…) може да се избришат и заборават само во приказните и дека најголемиот дел од нештата кои имале какво и да било влијание на емотивната интелигенција, без разлика дали предивикале среќа или тага, не може да се избришат на ниту еден начин и тие имаат и ќе имат трајно влијание на односот со лицето кое ни ги направило.

Конечно, вистинско простување за стореното не постои и веројатно е подобро тоа никогаш да не се изговори зашто ако се изговори тоа не може да биде избришано ниту во најчудните сништа.

Улогите во претставата ги толкуваат Сабина Ајрула, Перо Арсовски, Благој Веселинов, Мартин Јорданоски, Дарја Ризова, Симона Спировска и Тина Трпкоска.

РЕКЛАМИ:
Loading...