Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Шарлиз Терон: Кристен Стујарт одлично масира

Шарлиз Терон: Кристен Стујарт одлично масира

SHARE

Шарлиз Терон и Кристен Стујард се спријателија на сетот на филмот „Snow White and the Huntsman“, а русокосата актерка за својата колешка имала само пофални зборови.

Шарлиз открила дека Кристен е добра и искрена личност и дека одлично масира.

„Ја обожувам оваа девојка. Ја сакам, би скокнала од зграда за неа ако треба. Не се претвара во нешто што не е и неверојатно добро масира“, изјавила Шарлиз за Access Hollywood.

Актерката, која во филмот ја игра улогата на лошата кралица, додала дека Кристен е многу талентирана и посветена на работата.

„Не само што е родена да биде актерка, туку е и трпелива во своите намери“, додала преубавата Шарлиз.

РЕКЛАМИ:
Loading...