Home ЗАБАВА Занимливости Шест начини да ја победите горештината

Шест начини да ја победите горештината

SHARE

Високите температури се составен дел од летото.

Бидејќи честопати се наоѓате во ситуација да не знаете што со себе и како да се разладите, ви предлагаме и ви препорачуваме неколку начини со кои ќе се чувствувате посвежо и подобро.

Масажа со коцки мраз

– Земете ги замрзнатите коцки и полека масирајте се на местата каде што пулсира крвта: слепоочниците, зглобовите на раката, задните делови на лактите и колениците… Со тоа ќе ја подобрите циркулацијата. Можете да ставите и газа натопена со ладна вода на вашето лице. По само 10-тина минути ќе се чуствувате посвежо.

Коцки лед

Топли напитоци наместо ладни

– Топлите напитоци ја зголемуваат телесната температура и ја подобруваат циркулацијата на крвта. Покрај тоа, вашата жед ќе биде задоволена. Ладните сокови ја гасат вашата жед, но само краткотрајно. Можете да си сварите чај од нане или камилица и да го засладите со мед.

Чај од нане

Чорапи против горештината

– Звучи малку чудно, но доколку чорапите ги ставите во најлонска кеса, а потоа во фрижидерот за замрзнување ќе добите одличен начин да ги освежите вашите стопала по враќањето дома. Подигнете ги нозете и уживајте во вашата релаксација и опуштање.

Портокал за свежина

– Исецкајте го портокалот на парчиња. Потоа ствавете го во замрзнувачот. Неколку минути подоцна можете да го конзумирате, да се освежите и да ја задоволите вашата потреба за витами Ц. Лицето премачкајте го со исцедениот сок од портокалот. Со тоа вашата кожа ќе биде освежена и ќе ја добие потребната влажност и ќе биде далеку понежна.

Летна супа од зеленчук

– Пригответе си супа на вообичаен начин. Потоа, оставете ја да се излади во ладилникот. Еден час подоцна вашата супа ќе биде доволно изладена. Пред да ја конзумирате, со лажица отстранете го горниот слој на маснотии. Насецкајте во супата зеленчук. Краставици, домати, лук… Ќе добите вкусен оброк кој ги задоволува витаминските потреби на вашиот организам.

Памук и само памук

– Туширајте се повеќе пати во текот на денот со млака вода. Нанесете на вашето тело лосион кој брзо се впива, а потоа облечете нешто комотно и лесно. Заборавете на синтетичките материјали. Мора да се чувствувате пријатно во облеката. Носете облека која е исклучиво памучна и која нема да предизвикува дополнителна нервоза кај вас. Облеката може да биде и некој број поголема од вашиот, но во домашни услови вашата комотност е најважна.

Памучна облека

РЕКЛАМИ:
Loading...