Home КУЛТУРА Настани Шести „Топол културен бран“

Шести „Топол културен бран“

SHARE

Сто и десет настани во 29 општини ќе опфати шестиот „Топол културен бран“ што го организира Министерството за култура, за да ги доближи националните остварувања во културата до сите граѓани на државата.

И оваа година манифестацијата ќе се реализира во две етапи – првата од 20-ти до 31 јули и втората од 20-ти до 31 август.

Во 29-те избрани општини ќе гостуваат професионалните театри, Македонската опера и балет, националниот ансамбл „Танец“, концерти на „Синтезис“ и „Љубојна“, фолклорни друштва, проекции на македонски и филмови за деца, рок и поп-концерти, гостувања на естрадни имиња, изложби, поетски вечери.

Во Велес најавено е гостувањето на Театарот за деца и младинци со „Македонска приказна“ и концертот на „Синтезис“ во јулската етапа од манифестацијата, како и гостувањето на КУД од Хрватска, а во август концерт ќе има Кристина Арнаудова, ансамблот „Келтикум“, како и тамбурашки оркестар од збратимениот град Сомбор.

Во јули во Пробиштип ќе гостува „Танец“, а во август ќе има концерти на Миле Кузмановски, „Нокаут“, настапи на Игор Џамбазов и на повеќе диџеи и локални бендови, а на Денот на рударите, 28 август, таму ќе гостува Владо Јаневски.

Во рамки на „Топол културен бран“ во Дојран ќе има концерти, театарски гостувања од Струмица (две претстави од НТ „Антон Панов“ и аматерска на Млад градски театар), стендап-комедии и филмска недела на отворена сцена. Концертите на Палменка Трајковска-квартет и на Сашо Гигов-Гиш ќе бидат во специфичниот амбиент на црквата „Св. Илија“.

РЕКЛАМИ:
Loading...