Со месеци, во јавноста излегуваат детали поврзани со приватниот живот на пејачката Шакира и фудбалерот Пике.
Откако и двајцата ја потврдија разделбата, дознавме за аферата на Пике, за лошите односи на Шакира со нејзината свекрва.
И кога мислевме дека тоа е се, на соијалните мрежи се појави видео, на која мајката на долгогодишниот партнер на Шакира, Монсарет Бернебау, делува како да ја замолчува Шакира и се расправа со неа.
Разделбата на колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот долгогодишен партнер, шпанскиот фудбалер Жерар Пике со месеци е главна тема во естрадните медиуми.
I am fuming.
You had me fooled Mr. Piqué and Mrs. Montessori you as well.
DTA. pic.twitter.com/JDMykFqX1d
— Asandé (@kewchiy) January 23, 2023
Имено, таа во еден момент ја фаќа Шакира за устата и и дава знак да замолчи, додека Пике, кој е во нивно друштво, воопшто не реагира на однесувањето на мајка му.
Фановите на латино ѕвездата се ужаснати од оваа постапка на Монсерат Бернабеу и остро ја критикуваат, коментирајќи дека физичкото насилство е неприфатливо.
Јавноста е разочарана и од Жерар Пике бидејќи не се потрудил да ја одбрани својата партнерка во тој момент.