Home INFO Шокантна исповед на славниот актер: Ниту знам, ниту ме интересира дали имам...

Шокантна исповед на славниот актер: Ниту знам, ниту ме интересира дали имам внуци!

SHARE

Познатиот холивудски актер Ентони Хопкинс со години не откриваше детали за својот приватен живот.
Сепак неодамна проговори за своите пропусти и односот со својата ќерка .
Абигеил е негова ќерка единица со која долг период не разговара. Ја добил од бракот со првата сопруга Петронела Бејкер. Парот се развел кога Абигеил имала 4 години и од тогаш актерот воопшто не пројавил интерес за своето дете.
Поради ова Абигеил, која исто така е актерка не сакала да го носи презимето Хопкинс. Одлуката на неговата ќерка го “погодила” , па Ентони морал да најде начин да се помири со ова. Во интервју за познат магазин, актерот накратко искоментирал за лошите односи со својата ќерка.
“ Фамилиите се разделуваат и секој продолжува по својот пат. Секој има право на одлука. Не е неопходно да сме во добри односи со своите деца ниту пак да се сакаме меѓусебно. “
Хопкинс изјавил дека не знае каде и со кого живее неговата ќерка, ниту пак дали има семејство и деца.
“ Не знам дали сум дедо, ниту пак ме интересира!”

РЕКЛАМИ: