Home СПОРТ Фудбал Шпанска новинска агенција тврди: Златната топка повторно за Меси

Шпанска новинска агенција тврди: Златната топка повторно за Меси

SHARE

Лионел Меси ќе ја освои и петтата Златна топка по ред, тврди Агенциа Њус, шпанска новинска агенција.

Многумина би рекле дека се работи за шпекулација, но истата агенција и минатата година, на повеќе од еден месец пред доделувањето на признанието го објави точниот редослед при гласањето: Меси, Роналдо, Иниеста, Чави, Фалкао.

Сега тврди дека Меси повторно е победник, пред Роналдо, Рибери, Иниеста и Ибрахимовиќ.

За веродостојноста на информациите што ги пласира оваа агенција најдобро зборуваат последните случаи: прва информираше дека ФИФА ќе го продолжи рокот за гласање до 29 ноември, го одреди точниот редослед во борбата за Златната топка лани и прва објави дека Ерик Абидал се сели во Монако и тоа 48 часа пред поранешниот француски репрезентативец да го каже тоа на прес-конференција.

Во соработка со: sportclub.mk

Инаку, на ваквиот развој на настаните се чудат и светски познатите обложувалници.

„Роналдо беше голем фаворит, а потоа одеднаш почна да паѓа коефициентот на Меси. Рибери, кој во јуни беше најголем фаворит, испадна од конкуренција со коефициент 10“, изјавил Тони Кени од Вилијам Хил.

Инаку, Гала-церемонијата на која ќе се објави името на добитникот на Златната топка ќе се одржи на 13 јануари 2014 година во Цирих.

РЕКЛАМИ: ---