Home INFO Шпанска серија: Џек Николсон открил дека сестра му му е мајка

Шпанска серија: Џек Николсон открил дека сестра му му е мајка

SHARE

Дванаесет пати номинираниот за Оскар актер, Џек Николсон од дете се сомневал дека нешто чудно се случува во неговото семејство и бил во право.

Сестрата на Џек Николсон (79) всушност е негова мајка, а неговите родители му се баба и дедо.

Мајката на Џек, Џун Бенсис Николсон се занимавала со танц но забременила со колегата Доналд Фарсиљо Рос, а потоа во 1936 година се омажила за него. Џун набрзо дознала дека Доналд веќе е оженет па го поништиле бракот, а нејзината мајка Епл Меј Николсон ја презела грижата за малиот Џек за нејзината ќерка да ја продолжи кариерата.

Џек Николсон

Така актерот живеел во убедување дека Џун му е постара сестра. Неколку декади подоцна, кога станал планетарно познат, се појавија и многу љубопитници кои имале потреба да „чепкаат“ во неговото минато.

„Тоа е цената на славата. Сите почнуваат да копаат по твојот приватен живот и следното што го знаеш е дека твојата сестра всушност ти е мајка“, изјави глумецот во едно интервју.

Џек Николсон

Кога актерот имал 37 години, Тајм Магазин одлучи да објави голема приказна за Џек, а некој од списанието бил задолжен да го повика Николсон и да ги провери информациите за тоа дека Џун всушност му е мајка.

Легендарниот глумец немал поим за што се работи и во тој момент се негирал.

Со оглед на тоа дека неговите „мајка“ и „сестра“ , веќе биле покојни Џек се јавил кај својот „зет“ Шорти, сопруг на неговата друга „сестра“ Лораин. Шорти прво му рекол дека не знае ништо за тоа, но по некое време му телефонирал и му рекол дека Лореин плачела цела ноќ. Лораин, за која дознал дека всушност му е тетка, тогаш му ја кажала целата вистина. Во целава приказна му недостасувал само уште еден податок, за тоа е кој му е таткото.

Џек Николсон

Подоцна до јавноста се обратил Фарсиљо, тврдејќи дека никогаш не го одрекувал татковството и понудил ДНК анализа но Џек без размислување одбил.

„Татко е оној кој ти помага додека растеш, а не некој кој има исти спирали во генетскиот код“, изјавил Николсон.

Џек Николсон

РЕКЛАМИ:
Loading...