Home КУЛТУРА Настани Шпанскиот ансамбл „Ла фура делс Баус“ вечер ќе го отвори 55.Охридско лето

Шпанскиот ансамбл „Ла фура делс Баус“ вечер ќе го отвори 55.Охридско лето

SHARE

Со изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф, на ансамблот „Ла фура делс Баус“ од Шпанија, под диригентската палка на Хозеп Висент, а во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија вечер на сцената на Античкот театар во Охрид ќе почне 55. јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“.

Годинашната драмска програма на „Охридско лето“ изобилува со многу новитети – четири премиери на македонските продукции и во секоја од нив се инволвирани странски режисери, продуценти и копродуценти.

На свеченото отворање на 55. Јубилејно издание на Охридско лето вечер ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој претходно во Вилата „Билјана“ ќе ги прими организаторите на фестивалот и членовите на ансамблот „Ла фура делс Баус“ од Шпанија.

РЕКЛАМИ:
Loading...