Home ЗАБАВА Што да му купите на момчето за Нова Година: 12 одлични предлози

Што да му купите на момчето за Нова Година: 12 одлични предлози

SHARE

Празниците ни доаѓаат, а во вашата глава се врти само едно: „А што да му купам на момчето?“.

И додека е многу лесно да се израдуваат жените за празниците, купувањето за посилниот пол скоро секогаш ни прави проблем, одземајќи ни премногу време и нерви.

Но, мажите и не се толку мистериозни, ниту бараат премногу.

Меѓу следниве предлози веруваме дека ќе најдете барем еден кој ќе ги задоволи вашите посилни половини.

Новчаник

Ова можеби е најтипичниот подарок покрај книга и вратоврска, но со него не можете да погрешите. Квалитетен, кожен новчаник на секој маж му е потребен.

Часовник

Часовникот спаѓа во оние малку поскапите подароци, а нашиот совет е да купите ваков подарок само ако го знаете стилот и афинитетот на вашиот маж. Квалитетен, со кожено каивче секогаш е одличен избор.

Колан

Класичниот колан во топла кафена нијанса е многу практичен подарок.

Торба за лаптоп

Се поголем е бројот на мажите кои практикуваат да носат лапотпоп торба, па доколку вашето момче е еден од нив, еве ви идеален подарок.

Табла за пикадо

Поголемиот дел од мажите обожуваат друштвени игри, па таблата за пикадо или некоја друга игра е совршен подарок кој можете да го купите.

Футрола за мобилен телефон

Ако имате момче кое обожава телефони, тогаш ова е одличен подарок за него.

Волнена капа со крзно

Доаѓа зима и овој подарок сигурно ќе го воодушеви.

Футрола за документи

Голем број на момци не сакаат да носат торби, па од оваа причина, оваа алтернатива е идеална за него.

Џемпер

Доколку веќе сте купувале облека, тоа значи дека и тоа како сте упатени во модниот стил кој го сака вашето момче.

 

Книги

Ако вашето момче е вљубеник во патувања или кујна, книгите на оваа тематика многу ќе му се допаднат.

Волнен шал

Со ова парче одлично ќе го нагласи својот стил.

Долен дел пижама

И момците сакаат дома да се излежуваат во пижами, па зошто да не ја носи пижамата која вие сте му ја подариле.