Home INFO Што да правите за време на празниците ако сте сингл?

Што да правите за време на празниците ако сте сингл?

реклама:Велигден со Стаф

Ако и за овие новогодишни празници сте сами, не очајувајте!

Слободното време искористете го за уживање во филм, книга, посета на изложба, советува психологот Џој Мејден.

Неопходно е да бидете сами за да имате време да размислите за она што навистина го сакате, напоменува психологот.

– Запаметете, да се биде сам, не е исто како да се биде осамен, вели таа.

Времето кое го поминувате сами воедно е и време кое можете да го искористите за усовршување или уживање во хобито за кое инаку немате време.

Поради брзиот начин на живот, моментот во кој сте сами всушност е благослов, тврди психологот.

– Ако сте во ситуација Нова Година и Божиќ да ги поминете без семејство и пријатели, не очајувајте, советува таа.

Волонтирајте во народна кујна или развеселете ги децата од домот за сирачиња со колачиња и осаменоста ќе исчезне затоа што помагањето на другите ја зајакнува самодовербата, ја потиснува депресијата, а можете да ги создадете и нови пријателства.

Посветете време за себе си – прочитајте книга која со месеци ви стои на масата или погледнете некој филм за кој сте слушнале дека е одличен.

Излезете од дома и опкружете се со луѓе, распрашајте се за тоа што се случува во вашиот град и посетете некоја изложба.

Режија, сценарио и главен актер

Зошто едноставно да не си направите филмски маратон? Пред вас се неколку слободни денови, а не морате да правите компромиси. Можете да гледате што и да посакате. Зарем постои ли нешто подобро?

Доаѓам соло!

Иако празниците се посебно чувствително време – кој сака да оди на дочек на Нова Година со 5 парови ако нема придружба, сетете се дека сите понекогаш се чувствуваат осамено. Победете ги негативните чувства и одете на таа збава која силно сакате да ја избегнете.

Користете ја современата технологија

Искористете ја современата технологија – јавете се, „скајпувате“, праќајте смс и мејлови. Тоа што физички сте оддалечени од семејството или пријателите, не значи дека не можете да бидете близу. Јавете им се за Нова Година и Божиќ – ќе ви одговара да им ги слушнете гласовите.

Кој сеуште сака да биде сам дома?

Ако можете да си дозволите, отпатувајте некаде. Поволните „last minute“ понуди за патување во траење од три, четири дена искористете ги. Посетете некој средноевропски град и уживајте во разгледување на градот или дозволете си викенд во бања за да се ослободите од стресот.

Пишување, сликање, танцување и уживање

Променете ја перспективата – размислувајте за самотијата, а не за осаменоста. Да се биде сам е добро затоа што ќе имате прилика да рамислете за се што ви се допаѓа во животот. Бидете креативни – пишувајте, цртајте, танцувајте или одете во природа. Научете се да го цените вашето друштво.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------