Home ЗАБАВА Занимливости Што ќе правите денеска, ќе правите цела година

Што ќе правите денеска, ќе правите цела година

SHARE

На втори јануари се празнува Свети Игнат, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година.

Постои верување дека она што ќе го правите денеска, ќе го правите и цела година.

„Вистинските“ бадникови и божиќни обичаи почнуваат денеска, на втори јануари со празникот Св. Игнат.

На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата.

Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.

Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

За денешниот ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на денешен ден да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината.

Но, ваше право е денеска да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

Press24

РЕКЛАМИ:
Loading...