Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Што носи кралицата Елизабета во својата торбичка?

Што носи кралицата Елизабета во својата торбичка?

SHARE

Елизабета Втора никогаш не носи пари со себе, освен еден ден во неделата, а тоа е – недела, открил извор од дворот на кралицата за најновиот број на списанието „Us Weekly“.

„Елизабета донира пари во корпата за собирање пари во црква“, вели извор.

„Нејзиниот батлер подготвува банкнота од пет фунти виткајќи ја во мал квадрат, се додека може да се гледа само нејзиното лице“, открил извор.

Историчарот Сали Бедел Смит, кој правел интервју со пријатели и роднини на монархијата, во биографијата за кралицата Елизабета напишал дека таа во својтата чантичка носи таблети за грло, очила за чинање, налив-перо, кармин и марамчиња.

кралица елизабета

Иако Елизабета често не носи пари со себе, тој дефинитивно не и фали.

Нејзиното богатство се проценува на 340 милиони фунти, но според истражувачите од Лондонската шола за маркетинг, владарката не е толку богата како Дејвид и Викторија Бекам, чие богатство се проценува на околу 470 милиони фунти.

кралица елизабета

РЕКЛАМИ:
Loading...