Home СПОРТ Фудбал Што се случуваше со Меси синоќа: Претрча само 1,5 километри повеќе од...

Што се случуваше со Меси синоќа: Претрча само 1,5 километри повеќе од Пинто

SHARE

Уште еден катастрофален натпревар одигра најдобриот фудбалер на Барса, Лионел Меси против Атлетико Мадрид.

Во петте дуели против ривалот за титулата во Примера оваа сезона, Аргентинецот се уште не постигна ниеден гол, но она што синоќа се случуваше со него може да ги загрижи сите и во клубот и во аргентинската репрезентација.

За 90 минути на теренот, Меси претрча помалку од аматерски фудбалер во англиските ниски лиги, па дури и од маалски играчи без посебна физичка подготовка.

Крајниот биланс на неговиот „труд“ изнесува 6,8 километри и тоа во еден од клучните натпревари на неговиот тим. Тоа е речиси двојно помалку од стрелецот на единствениот гол на мечот, Коке (12,2), но и три колометри помалку од Нејмар (9,5) кој ја игра својата дебитантска сезона во Европа и кој не е познат како голем работник.

Ако веќе се споредува, најдобар доказ дека Меси повеќе не е она што беше е податокот дека голманот на Барселона, Пинто претрча само 1,5 километар помалку од него, а добро се знае колкав е радиусот на движење на голманите.

Повеќе спорт на sportclub.mk

РЕКЛАМИ: ---