Home КУЛТУРА Настани Штраус, Верди и Вагнер на Новогодишниот коцнерт во Виена

Штраус, Верди и Вагнер на Новогодишниот коцнерт во Виена

SHARE

Најпознатиот концерт на класична музика во светот, Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија ќе биде посветен на традиционалните валцери на семејството Штраус, но и на Џузепе Верди и Рихард Вагнер, кои во 2013 година навршуваат 200 години од нивното раѓање.

73-от по ред Виенски новогодишен концерт, во вторник ќе биде одржан во виенската „ Musikverein“, а ќе се води под диригентската палка на Франц Веслер-Моест, втор пат по 2011 година. Оваа година тој ќе биде директно пренесуван од 81 земја, што е нов рекорд.

52-годишниот музички директор на Виенската опера однапред се радува на „неспоредливото задоволство на изведување на валцерот“. Тој е еден од 15 диригенти, кои до сега го водеа оркестарот на Виенската филхармонија на Новогодишниот концерт, меѓу кои се познатите Херберт вон Карајн, Лорин Мазел, Зубин Мехт и Рихард Мути.

Поголемиот дел од репертоарот, како и секоја година ќе биде посветен на композициите на семејството Штраус – Јохан Штраус таткото, Јохан Штраус синот и Јозеф Штраус.

По повод одбележување на 200 -годишнината од раѓањето на италјанскиот композитор Џузепе Верди (1813-1901) и германскиот Рихард Вагнер, оркестарот ќе изведе музика од операта „Дон Карлос“ и увертирата на 3-от чин од Вагнеровата опера „Лохенгрин“.

Доколкуте сте љубител на класична музика, во видето подолу може да го погледнете минатогодинешниот Новогодишен концерт.

РЕКЛАМИ:
Loading...