Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Сигурно ја болело: Никол Шерцингер „тресна“ на сцена (видео)

Сигурно ја болело: Никол Шерцингер „тресна“ на сцена (видео)

SHARE

Шоу програмата „I can do that“, која се емитува на американскиот канал „NBC“ е замислена така што познатите личности ги става пред сценски предизвици со кои дотогаш не се соочиле.

Никол Шерцингер и Џо Џонс се натпреварувачки пар кои настапиле во оваа шоу програма, а еден од предизвиците во кој убавата Никол го извлекла подебелиот крај е оној во кој изведувале точка на ролери.

И додека во емисијата оваа точка ја извеле перфектно, на една од пробите не бил таков случај.

Во овој настап, за време на пробата на натпреварувачкиот пат им се придружил и еден професионалец. А, младиот пејач Џо Џонс морал да ја препушти партнерката на професионалниот возач на ролеки кој ја вртел околу сопствената оска држејќи ја само за нозете.

Меѓутоа, еден момент на невнимание довел до тоа Никол да „тресне“ на бината свртена со лицето кон подот.

– Ја прашав дали е добро, но таа не одговараше ништо неколку секунди, дури потоа ја слушнав како офка, ја опишал пејачот оваа незгода.

никол шерцингер

РЕКЛАМИ:
Loading...