Home INFO Скандал по скандал: Кој сака да ја саботира Меган Маркл?

Скандал по скандал: Кој сака да ја саботира Меган Маркл?

SHARE

Само неколку дена останаа до венчавката на годината, а идните младоженци не престануваат да се соочуваат со скандали кои им ги рушат потребниот мир и среќа. Принцот Хари и актерката Меган Маркл постојано се главна тема во сите светски медиуми.
Откако во јавноста се најави венчавката, на виделина излегоа сите детали од минатото на Меган и скандалите никако да стивнат.
Неизвесно е кој ќе ја донесе актерката до олтарот, со оглед на тоа дека по последниот скандал со платените папарацо фотографии, нејзиниот татко нема да се појави на венчавката, оправдувајки се со наводната лоша здравствена состојба.
Идната принцеза е очајна, откриваат нејзините пријатели. И покрај напорите да го соедини своето семејство, сепак на сопствената свадба таа веројатно ќе слави без своите најблиски.
Оваа не е прв обид да се саботира врската и венчавката. Некои од таблоидите отидоа толку ниско што не престануваа да ја потенцираат темната кожа на Меган, напоменувајки дека нејзината мајка, афроамериканката Дорија Регланд живее во лошо опкружување, во населба каде владеат уличните банди. Очигледно дел од јавноста и медиумите сметаат дека Маркл е недостојна за титулата принцеза.
Дали по венчавката конечно ќе престанат да излегуваат на површина детали од минатото на актерката, ќе дознаеме наскоро.