Home ЗАБАВА Патување Скопје во познатиот весник Гардијан – го испофалија градот, градбите и угостителите

Скопје во познатиот весник Гардијан – го испофалија градот, градбите и угостителите

SHARE

Статија за Скопје со детални информации што да видите, каде да јадете, каде да преспиете и што не смеете да пропуштите излезе во он лајн изданието на познатиот весник Гардијан.

Откако го испофалија градот, градбите како и угоститителите во сторијата Гардијан дава детални информации за Македонската метропола еве што вели.

Зошто да одите во Скопје ?

Панорамата на Скопје ја раскажува приказната на овој балканска град појасно од било која книга по историја:

На едно место ќе се прошетате низ историјата на – социјалистичко време прикажано низ станбени блокови, минарињата на отомански џамии, византиски куполи, турски бањи, неокласичен згради, мостови и грандиозни споменици – резултат на неодамнешната треска во изградба во насока на зацврстување на националната гордост.

Што да се прави во Скопје

Можете да се изгубите во тесните улички на Чаршијата , турските бањи мора да ги видите, некогаш најголемиот турски амам на Балканот, сега е дом на Националната галерија на Македонија (nationalgallery.mk ).

Преминете ја реката Вардар низ од 15 век стариот Камени мост, минете низ плоштадот Македонија, низ триумфалната капија, погледнете ги статуите на националните херои и осветлени фонтани.

На падините на планината Водно, неколку милји надвор од градот, лежи од 12- тиот век стариот Св Пантелејмон манастир, кој е ризница на византиската уметност.

Откако ќе се восхитите на прекрасните фрески, можете со жичара да се качите на планината.

Гардијан посебно издвои и неколку бизниси со угостителство во Скопје. Па на своите читатели им препорачува со име и линк до нив каде да јадат и каде да отседнат. Еве што вели. 

Каде да преспиете

Урбан Хостел е најдобрата опција за вашиот буџет доколку треба се сместите во Скопје. Нуди избор на соби или пак апартмани, се наоѓа во прекрасен дел на градот – Дебар маало –  соседството во центарот на градот полно со барови и ресторани (соби со цена од € 13, станови од 46 €, urbanhostel.com.mk).

Каде да јадете

Стара Куќа е местото да се пробаат македонски специјалитети, како што се полнети пиперки , шопска салата, грав чорба и свински ребра , сместен во куќа од 19-от век, со резбани дрвени тавани (starakuka.com.mk ).

Што мора да направите во Скопје

„Прошетајте по должината на Кеј и јадете во рестораните кои се на линија на реката, вели Кетлин Беки, која ја води K8 американска пекарница и кафуле во Старата Скопска Чаршија ( k8skopje.com ).

„Плаза де Торос и  Ања се неколку од моите омилени. По вечерата, купете сладолед и да одете на плоштадот Македонија“.

РЕКЛАМИ:
Loading...