Home КУЛТУРА Настани Проектот „Скопски улични артисти“ по четврти пат

Проектот „Скопски улични артисти“ по четврти пат

SHARE

Годинава по четврт пат граѓаните од Скопје ќе може да уживаат во звуците на музиката и талентор на уметниците и перформансите на магионичарите и другите изведувачи, додека се шетаат низ улиците на центарот на градот.

Проектот „Скопски улични артисти” под покровителство на Град Скопје а спроведен од ЈУ ЦОП „Универзална сала- Скопје” до крајот на годината ќе ги почести скопјани со збогатување на уличната култура и уметност.

Забавата под отворено небо започна на почетокот на овој месец, а локациите каде може да ги чуете звуците на музиката се градскиот плоштад, Камениот мост, ГТЦ, Старата Чаршија, улица Македонија итн.

Според директорката на Универзална сала, Вера Бошковска проектот е совршена можност за сите млади артисти да можат да си го покажат талентот, а притоа да ги забавуваат скопјани, а и сите туристи кои ќе го посетат градот.

[pullquote_right]Уметниците се избрани на конкурс распишан од Град Скопје, а за своите изведби ќе добијат соодветен хонорар.[/pullquote_right]

„Покрај сите културни уметнички збиднувања во државата, овој проект е само дополнување на овогодинешната богата програма.

Уличните музичари било, е и ќе биде вистинска атракција за народот, а на туристите ќе им понуди приказни за раскажување. Ваквите проекти се од особено значење за градот”, вели Бошковска.

Тие ќе настапуваат во два периоди во текот на денот, претпладне и попладне до крајот на годината во деновите кога дозволуваат временските услови.

РЕКЛАМИ:
Loading...