Home ШОУ БИЗз Мак сцена Слаткаристика со „Новиот албум” наскоро!

Слаткаристика со „Новиот албум” наскоро!

SHARE

На 25-ти мај, во продажба ќе се најде новиот албум на Слаткаристика со наслов „Новиот Албум”.

Слаткаристика кој во 2009-та најави и направи вистинска хип-хоп револуција во Македонија, по точно три години од издавањето на првиот соло албум „Слаткаристика Будало” го најавува „Новиот албум“.

По три години исполнети со хитови, спотови и концерти, публиката на Марко Маринковиќ ќе може од посочениот овој датум во својата ЦД колекција да го има и „Новиот албум”- збирка од повеќе песни, од кои 16 се нови, досега неслушнати.

„Сите се изработени од неколку наши, докажани, но и млади, надежни продуценти со свои различни стилови, а од текстовите може да го очекувате единствениот ракопис на Слаткаристика, теми какви што само тој знае да раскаже”, изјавуваат од тимот на Иноватива и Јованов рекордс, издавачите на овој албум.

Официјалната промоција на „Новиот албум” ќе се случи на почеток на јуни, а во текот на мај ќе биде пуштен во продажба и сингл со свој видео запис кој ќе го најави излегувањето на албумот.

Синглот под наслов „Олабави ме!” е дело на Слаткаристика заедно со Стефан-Че и Јован Јованов со интересна приказна која визуелно ја долови Огнен Шапковски.

Видео записот се снимаше минатата недела на две локации – Кино Фросина (МКЦ) и Сити Хол, а официјално во етер ќе излезе за неколку дена.

РЕКЛАМИ:
Loading...