Home ЗАБАВА Луд Свет Со автомобил се забил на вториот спрат!

Со автомобил се забил на вториот спрат!

SHARE
Пожарникарите морале да се качат на кровот од зградата за да го извлечат возачот
Пожарникарите морале да се качат на кровот од зградата за да го извлечат возачот

Чести се примерите на несовесните возачи кои не бираат каде ќе ги паркираат своите возила, но тоа не може да се каже за овој возач од Сао Паоло чие возило се забило на страничниот ѕид на вториот спрат од една зграда.

Возачот на автомобилот ја изгубил контролата над возилото и се забил во вториот спрат на една зграда во Сао Паоло каде, во моментот на несреќата имало 8 луѓе.

Никој не е повреден.

[pullquote_right]Сведоците на несекојдневната несреќа раскажале како возачот ја изгубил контролата на мостот кој поминувал покрај стамбената зграда и полетал директно во неа.[/pullquote_right]

Во собата во која удрил имало 6-месечно бебе кое спиело. Мајката изјавила дека малиот за среќа бил на другиот крај од собата и останал неповреден.

– Малку пред несреќата бевме во бањата, каде и удри автомобилот. Го ставив бебето во креветчето и кога излегов слушнав страшен удар, раскажала станарката Алезијана Исус де Алмеида.

Пожарникарите морале да се качат на кровот од зградата за да го извлечат возачот кој се здобил со тешки повреди.

Пожарникарите морале да се качат на кровот од зградата за да го извлечат возачот
Пожарникарите морале да се качат на кровот од зградата за да го извлечат возачот

РЕКЛАМИ:
Loading...