Home INFO Со Pickatale мобилната апликација влезете во бесконечниот свет на книгите!

Со Pickatale мобилната апликација влезете во бесконечниот свет на книгите!

SHARE

Книгата сè уште е најдобриот начин за добивање информации и едукација, како за децата така и за возрасните. Нашите најмали се нашата иднина, а љубовта кон читањето книги се создава токму од најмала возраст. Денес, благодарение на напреднатата технологија, постојат начини како да се создаде навика за читање кај децата уште пред тие да можат самостојно да читаат.

Pickatale е Норвешка компанија која има седиште и во Скопје, Македонија и која се занимава со создавање на најубавите и најинтересните книги за дечиња на возраст од 0 до 12 години. Се работи за мобилна апликација на која неуморно работи млад креативен тим. Дел од тимот се девелопери кои се грижат да ги исполнат барањата на дечињата за книгите да бидат со поголеми ефекти и поинтересни за читање на таблетните или паметните телефони, дел од тимот се илустратори и дизајнери кои се грижат книгите да изгледаат интересни исто така имаме тим на кретивни умови од кои потекнуваат идеите за нови теми и наслови. Соработуваат со повеќе од 80 писатели низ целиот свет како и повеќе од 130 илустратори кои во зависност од дефинираниот стил на книгата ги прават волшебни и необични, а дечињата ги обожаваат.

Мобилната апликација може бесплатно да се симне и инсталира од Google Play, App Store, Play store и во неа ќе најдете преку 1000 интересни наслови на книги поделени по категории и по возраст.

За најмалите има книги кои се доста едноставни и лесни за читање каде што преку песнички се учат и читаат книгите. Книгите се дополнително збогатени и со звучни ефекти, преку кои децата можат и да ги научат звуците кои се автентични за одредени предмети, животни и т.н. За поголемите дечиња има повеќе категории на книги кои го задоволуваат сечиј вкус и возраст. Има теми за биологија, астрономија, физика, хемија, географија, уметност, животни…таканаречени СТЕМ книги…

Во библиотеката на Pickatale може да се најдат класичните приказни но исто така и нивни сопствени, оригинални серијали на книги каде што ликовите, приказните и комплетните идеи потекнуваат од креативниот тим во Македонија.
Сите книги се преведени на повеќе јазици како англиски, кинески, шведски, норвешки, дански, а она што е најново е тоа што во фаза на изработка се истите книги и на македонски и албански јазик. Со тоа ќе се овозможи освен мајчиниот јазик, дечињата лесно и на интересен начин да научат и некој странски јазик.

Во процес на изработка е нова платформа за изучување на англискио јазик за дечиња на кои англискиот не им е мајчин јазик. Специфично за оваа платформа е што дечињата според степенот на познавање на англискиот јачик виртуелно ќе се приклучат кон соодветната група на дечиња и заедно со предизвици и дополнителни мотивирачки игри на интересен и забавен начин ќе го изучуваат англискиот јазик. Приказните како и тестовите и игрите ќе бидат интерактивни и можат многу да им помогнат на дечињата кои не можат да читаат и пишуваат во првите нивоа на изучување на јазикот. Исто така тие можат да го преслушаат зборот по неколку пати од наратор чиј мајчин јазик му е англискиот. Секако, во текот на изучувањето на јазикот секој час ќе бидат дополнително мотивирани со одредени бонуси од најмногу точно решени задачи или прашања преку игрите кои се специјално развиени само за оваа програма.

Како дополнителни помагала за учење на јазикот, Пикатејл (Pickatale) има и книги кои со помош на паметните пенкала овозможуваат принтаната верзија од дигиталните книги да го добијат истиот ефект на читање како книгата од апликација. Тоа се пенкала кои сами ги читаат приказните и со чија помош дечињата можат да го слушаат и полесно да го научат јазикот кои го сакаат. Со еден збор, ова е интересен, креативен и лесен начин за учење, едукација и забава.

За да бидете постојано во тек со новите наслови кои се објавуваат секоја недела посетете ја фан страната на Pickatale : https://www.facebook.com/Pickatale/, а апликацијата бесплатно симнете ја од Google Play, App Store, Play store.
Поканети сте сите да се впуштите во оваа шарена авантура.