Home ЗАБАВА Занимливости Соништа кои не би требало да ги игнорирате

Соништа кои не би требало да ги игнорирате

SHARE

Соништата во кои летаме се многу чести и можат да значат моќ или проблеми со самодоверба.

Соновите, генерално гледано, се сликата на реалноста и вистинските случувања, но и симбол во соновите, и тие и тоа како можат да влијаат на нашиот живот.

[pullquote_right]Случувањата, работите и луѓето кои ги сонуваме всушност можат да ни дадат подобар увид во сопствената психа и можеби ќе ви помогнат да решите некои дилеми.[/pullquote_right]

Додека преку ден свесно постапуваме и правиме ибори, преку ноќ нашата подсвест работи со полна пареа. Сонот е сложен психолошки феномен, процес во кој се изразува нашето најдлабоко „јас“, изменета состојба на свеста во која се мешаат свесните и несвесните содржини. За време на спиењето, ниту телото, ниту мозокот не се потполно неактивни.

Тука се соновите кои никако не треба да се игнорираат затоа што секој од тие сонови го сокрива своето значење.

Соновите во кои летаме се многу чести и можат да значат моќ или проблеми со самодовербата. Клучниот момент во овие соништа се наоѓа на самиот почеток, при полетувањето. Тогаш всушност ги победувате своите ограничувања.

Летањето претставува слобода која се наоѓа надвор од човековите можности па кога летаме го препознаваме личното чувство на моќ или недостатокот од тоа. Летањето во сон може да ја открие вашата состојба на умот. Лесните полетувања најчесто значат некое позитивно случување, додека паѓањето за време на летањето обично означува морални дилеми.

[pullquote_left]Постојат шест вообичаени и значајни сценарија кои често се појавуваат во соновите и кои сите ние барем еднаш сме ги доживеале. [/pullquote_left]

Храната во соновите најчесто значи храна за душата, но исто така може да се изразат и неисполнетите желби. Ако не сме задоволни со личниот живот, често се обидуваме да се задоволиме низ соништата, а храната најчесто е првиот избор во тоа за поголемиот дел од луѓето. Секоја намирница која ќе се појави во соништата може да има посебно значење, зависно од нејзиниот облик и боја. На мример, орасите преставуваат ментална способност додека мангото ја симболизира страста.

Ако некој во соништата ве прогонува, тоа е најчесто индикатор на тешкотии и страв затоа што во нешто сте ранливи и осетливи. Големата е веројатноста дека некој физички ви се заканува инако не би бегале. Начинот на кој во сонот се носите со фактот дека некој ве прогонува всушност преставува начин на кој се носите со стресот и проблемите во секојдневниот живот. Прогонувањето може да симболизира избегнување на судир, но може да ви послужи и како „алат“.

Мистичните предмети во соништата како што се крстот, еднорог или некое племенско божество се однесуваат на копнежот за верување во нешто дуговни, во виша сила. Предметот сте го сместиле во својот сон како знак на обележување, да ве посети да побарате подлабоко значење. Веројатно некој нешто ви премолчува, а во сонот тоа го чувствувате и потоа му давате посебно значење. Тоа го правите само затоа што се чувствувате дека таа тајна или тоа што некој не ви го кажува има моќ над вас. Во древните традиции светите објекти во сонот претставува духовна порака која би требало да ви ја покаже судбината.

Додека преку ден свесно постапуваме и правиме ибори, преку ноќ нашата подсвест работи со полна пареа
Додека преку ден свесно постапуваме и правиме избори, преку ноќ нашата подсвест работи со полна пареа

Голотијата во сонот исто така е многу честа и може да има некое значење, во зависнот од вашата моментална ситуација. Облеката воопшто го симболизира криењето затоа што луѓето се единствените живи суштества кои го сокриваат своето тело. Ако сите останати се облечени, а фактот што вие сте голи преставува ранливост и веројатно потреба за прифаќање. Да се биде гол во сонот може да значи и дека нешто за себе криете и дека се плашите некој за тоа да не дознае. Од друга страна може да значи и дека ништо не криете пред другите или дека помалку езгибионистички сакате да бидете во центарот на вниманието.

 

Животните во сонот имаат посебно значење, кое, секако зависи од видот на животните. Но, воопшто, животните претставуваат дел од вашата личност или вашите стравови и надеж. Ако животното кое го сонувате е диво тогаш веројатно има врска со нескротливоста, потсвесниот дел на вашата личност. Ако се работи за домашно животно, тогаш се однесува или на вашата свесност и разум или на одредено животно кое има некое значење во вашиот живот.

Постојат многу култури кои сеуште веруваат дека животните во соновите го претставуваат вашиот дух како тотеми, животни кои најдобро одговараат на вашиот карактер. Се верува дека ќивекот може да научи да ја следи своето животно, тотем, во сонот за да би ја открил вистината за себе. Ако животното зборува, тогаш претставува скриено знаење до кое не можете да дојдете со некои конвенционални начини.

Со дефинирањето на соновите можеме да научиме многу повеќе за самите себе, за тоа кои сме. Состојбата на соновите не е заштитена и многуте чувства кои не можеме или се плашиме да ги изразиме  во будна состојба, тогаш доаѓаат до израз.

 

РЕКЛАМИ:
Loading...